1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја – нафта

4 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BCQ3

Јужна Кореја идната недела ќе почне со ветените испораки на нафта за северниот сосед. Ветувањето од официјален Сеул дојде само еден ден по извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија, во кој се вели дека Северна Кореја одобрила контроли на Агенцијата при гасењето на реакторите во атомските постројки. За почеток ќе бидат испорачани 10 од вкупно 50-те илјади тони мазут, порача јужнокорејското Министерство за повторно обединување на двете Кореи.