1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореа подготвена за целосен прекин на нуклеарната програма

19 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJhb

Учесниците во шестпартитните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореа соопштија дека властите во Пјонгјанг изразиле подготвеност за затворање на сите нуклеарни постројки до крајот на годинава. Директорот на агенцијата Мохамед Ел Барадеи уште вчера во Пекинг соопшти дека Северна Кореа затворила пет од главните нуклеарни постројкиво земјата. Американскиот преговарач Кристифер Хил, кој учествува на шестпартитните преговори во Пекинг изјави:

„ Ова е голем успех на кинеските домаќини на шест партитните преговори. Првиот чекор е направен, но сите знаеме дека пред нас е уште долг пат„ изјави Хил