Северна Ирска конечно со своја влада
27 март 2007Реклама
По пет годишна управа на Лондон, Северна Ирска повторно ќе биде водена од сопствена влада. Вечно спротивставените партии Шин Фејн и Демократската Унионистичка партија објавија дека постигнале договор околу поделбата на власта. Новата влада треба да стапи на должмост на 8 мај, а ќе ја предводи лидерот на Унионистите, Иан Пејсли. Официјален Лондон го поздрави договорот.