СДСМ ја усвои новата партиска програма
12 септември 2009Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија на партискиот когрес, на кој учествуваа 662 делегати, ја усвои новата програма и направи неколку статурани измени. Во делот на партиските симболи, усвоен е новиот официјален партиски симбол - жолта ѕвезда со стилизирана роза, како и партиска химна. Новата програма е содржана во 193 страници. 70 проценти од содржината се базира на економијата, а останатиот дел ги покрива социјалните прашања, образованието, правдата. Социјалдемократите велат дека досега работеле Македонија да биде мирна и безбедна и дека успеале во тоа, и оти сега се посветуваат земјата да стане економски посилна и социјално посигурна. Новата програма нуди нова даночна политика, пониски даноци за сиромашните повисоки, за богатите, подобра бизнис-клима, стимулирање на инвестиции и на извоз, поволности за малите и за средни претпријатија.
Автор: Горан Петрески
Реедактор: Александра Трајковска