СДСМ започнува процес за избор на нов шеф на партијата
26 август 2008Реклама
На најголемата опозициона партија во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз, и‘ претстои сериозно преструктуирање и избор на нов лидер. За таа цел утре (27.08.2008) ќе се сретне Извршниот одбор на партијата, со што почнува процесот за избор на нов претседател.
Претседателката Радмила Шеќеринска сметаше дека нејзината неотповиклива оставка од функцијата ќе ги спречи долгите и непродуктивни расправии, кои и нанесоа штета на партијата и членството, стои во соопштението од партијата, потпишано од нејзиниот кабинет.