1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свечено отворање на Светскиот ден на младите

17 август 2005

Католичкиот Светски ден на младите денеска почнува со својата програма. За 400 илјади учесници се организираат богослужби, тркалезни маси на различни теми, концерти. Сите учесници, од вкупно 197 земји во светот, би требало да ја посетат Келнската катедрала, каде треба да го видат ковчегот на Светите три крала. Според црковните преданија, во ковчегот се наоѓаат коските на трите крала. Вчера попладне, Свет

https://p.dw.com/p/AcDK
Учесници на Светскиот ден на младите пред катедралата во Келн
Учесници на Светскиот ден на младите пред катедралата во КелнФотографија: AP

скиот ден на младите беше свечено отворен во Келн, Диселдорф и Бон. Кардиналот Јоаким Мајснер, апелираше до младите да преземат одговорност. Вие сте иднината на црквата – рече Мајснер.

Шарено море знамиња на стадионот во Келн. 50 илјади млади се собраа на отворањето на Светскиот ден на младите. А, келнскиот надбискуп, кардинал Јоаким Мајснер имаше тешкотии да ја надвика расположената младина и да ги поздрави учесниците:

“Драги пријатели од цел свет. Ве поздравувам....Ве молам за малку тишина. Ве поздравувам...“

Потоа петмина младинци го донесоа крстот на Светскиот ден на младите и една слика на Марија.

Во богослужбата што следуваше, кардиналот Мајснер апелираше до младите да преземат одговорност за своите животи. Светскиот ден на младите, според кардиналот, треба да покаже дека верата во општеството зазема животно важно место.

И германскиот претседател, Хорст Келер, ги поздрави учесниците. Неговиот апел до учесниците гласеше:

“Само заедно можеме да постигнеме и да го зачуваме мирот во нашиот еден и единствен свет, да се погрижиме за праведност и да ја заштитиме околината. Овие теми не засегаат сите нас.“

Истовремено, свечености за отворање на Светскиот ден на младите, вчера се одржаа и во Бон и Диселдорф. Голем дел од учесниците мораа да ги следат богослужбите на големи платна или на телевизија, пред се поради тоа што бројот на местата на стадионите во Диселдорф и Келн беше ограничен.

За Светскиот ден на младите се пријавија вкупно 400 илјади учесници. Речиси 80% од нив доаѓаат од Европа, една четвртина од Германија. Сепак, застапени се сите континенти. Официјално можат да се избројат речиси 200 земји. Токму тоа, за 15 годишната Антонија, е она што е убаво:

“Толку многу млади од цел свет – тоа што се случува е извонредно. Добро расположение на железничките станици, се е преполно, целиот град. Супер, човек може навистина да ја доживее својата вера.“

Голема беше и подготвеноста да им се пружи гостопримство на младите - во регионот на Келн, Диселдорф и Бон, семејствата понудија 90 илјади кревети. Тука се и 350 илјади места за спиење во училишта, спортски сали и големи простории со кои располагаат некои фирми. 31 годишната Софија, која доаѓа од Полска, е одушевена од пријателскиот прием во Германија:

“Ако се загубиме, сите ни помагаат, сите се срдечни. Супер.“

Младите од цел свет треба да го искористат Светскиот ден за склучување пријателства. Тоа особено си го посакува Франц Јозеф Боде, бискуп задолжен за прашања на млади во Германската бискупска конференција:

“Глобализацијата не се случува само на економска основа, а особено не само во страшните мрежи на теророт и радикализмот, туку се случува и во ваква мрежа на мир, во вакви мрежи кои се градат и тајно, кога нивото на верата се подига.“

Врв на Светскиот ден на младите ќе биде посетата на папата. Тој доаѓа в четврток и во недела, на Мариенфелд во близина на Келн, ќе одржи завршна миса.