1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свечени полноќни миси за Божик-папата повика на мир

25 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRC


Папата Јован Павле втори ја одржа полноќната божиќна миса со повик за крај на војната и насилството,во црквата Свети Петар во Рим. Како никогаш досега се лее крв,има премногу насилие и конфликти ги делат народите едни од други,рече папата во својата божиќна проповед пред десетина илјади верници. Тој потсети дека Исус се роди за да донесе мир.Неговото раѓање и животот треба да помогнат да се разбере колку е вреден еден човечки живот. Папата тешко ја одржа мисата поради својата болест,но цепак целата проповед лично ја исчита.За сето време седеше во подвижна столица. Поради страв од терористички напади италијанската полиција презеде најголеми мерки за безбедност. Денеска папата треба да ја упати својата божиќна порака. Божик во Ерусалим ,во црквата на Христовото раѓање пак се славеше во многу понапнато расположение.Околу три илјади верници се собраа во црквата на Света Катарина- каде служеше латинскиот патријарх Сабах. Неговата порака беше мир пред се на Блискиот исток.Веќе три години живееме во војна,во неа какао жртви паднаа илјадници Палестинци и стотици Израелци,коренот на конфликтот лежи во нечовечката окупација на појасот на газа и на Западниот брег,изјави патријархот Сабах,кој ја критикуваше и изградбата на израелскиот преграден sид во палестинските автономни подрачја. За не многу веслиот Божик во Витлеем придонесе и празната столица на палестиснкиот лидер Јасер Арафат,веќе третпат по ред,зашто од 2001 година не смее да го напушти своето седиште во Рамала. На мисата во Витлеем и годинава учествуваа малку верници од палестинските области.