1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светското првенство, политиката и бизнисот

21 јуни 2006

Светското фудбалско првенство не е само спортската игра на стадионите во Германија. Политиката и бизнисот во него гледаат мотиви за општествените и економските состојби во Германија: големата коалиција за одбрана на својата политика и привлекување приврзеници за неа, бизнисот низ можноста за профит.

https://p.dw.com/p/AeLW
Фудбал, полиитка, бизнис...
Фудбал, полиитка, бизнис...Фотографија: picture-alliance/ dpa

Канцеларот Ангела Меркел која присуствуваше на натпреварот Германија – Еквадор, вчера во парламентот бранејќи ги важните проекти од досегашната работа на владата, најнапред потсети на постигањата на германските репрезентативци и ги посочи како пример, задно со одушевеноста на домашната публика:

„Кога гледам колкав потенцијал на одушевеност, на радост, се крие во оваа земја, кога ќе видам како другите однадвор не гледаат деновиве, тогаш воопшто не се воздржувам да кажам дека оваа земја може да ги совлада предизвиците пред кои се наоѓаме сите„.

Но, колку светското фудбалско првенство придонесува за засилување на германската конјунктура? Министерството за финансии оценува дека тоа, заедно со претстојното зголемување на данокот на додадена вредност во моментов до некаде ја забрзува конјунктурата на домашниот пазар, но главните импулси и натаму доаѓаат од странство. Повторно извозот е главната локомотива. Што се однесува до движењата на пазарот за работа, тука министерството е скептично. Сепак, светското првенство и зголеменото купување можат да предизвикаат позитивни ефекти.

Од главниот град Берлин пак, се јавува за тоа дека за повеќето хотели светското првенство досега е неуспех, но е исклучителна инвестиција за во иднина, како за главнииот град, така и за целата земја. Битно е дека сликата за Германија и Германците доживеа позитивен пресврт. Шефот на берлинското биро за туризам Ханс Петер Нергер смета дека сепак ќе биде исполнет планот за 20 милиони ноќевања до 2010 година. Се чини, засега најмногу профитираат германските производители на пиво. Фудбалската треска и убавото време предизвикаа славје кај пивниците кои книжат рекордни добивки. Производството е на својот лимит. Ефектот на светското првенство за пивската бранша е сензација„ се вели во една анкета на агенцијата ДПА во покраината Северна Рајна Вестфалија. Скоро подеднакво се задоволни и производителите на минерална вода. Најмалку задоволни засега се трговците на мало. Илајдници навивачи во летните ноќи шетаат низ центрите на големите градови, но малку влегуваат во отворените продавници. Само неделите кога исто така продавниците се отворени, се покажаа успешни. Трговците внимателно посматраат што се случува: по 20 часот луѓето во центрите на градовите не сакаат да купуваат, туку да слават. Па сепак, трговските сојузи се сигурни дека ќе биде достигната целта за зголемување на прометот од околу 2 милијарди евра во деновите на Светското првенство.