Светски ден на борба против СИДА
1 декември 2007Реклама
Денеска е светскиот ден на борба против СИДА-та. Американскиот претседател Џорџ Буш вети дополнителни 30 милијарди долари во борбата против ширењето на болеста. Според генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, намалување на ширење на ХИВ вирусот останува еден од главните светски приоритети. Според последните податоци во светот во моментов има 33,2 милиони лица заразени со ХИВ, од кои 2,5 милиони се деца помали од 15 години. Болеста и вирусот се најраспространети во Африка. Вирусот ХИВ кој ја предизвикува СИДА-та за првпат се појави во 1981 година.