1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка и‘ даде домашни задачи на Кина

28 февруари 2012

Во Кина се покачува брутодомашниот производ само за уште речиси девет проценти. Премалку, велат експертите. Сепак, Светска банка смета дека Кина е вооружена против должничката и конјунктурна криза на Западот.

https://p.dw.com/p/14BBd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Се гради речиси насекаде во Кина. Нови градови, нови претпријатија. Притоа економијата на земјата досега беше многу зависна од извозот. Оттука Светска банка бара нова развојна стратегија. Кина 2030 е наречен извештајот.

Најважните точки во него:

Приватниот сектор треба засилено да се поттикнува

Кинескиот пазар треба повеќе да се отвори од досега

Светска банка бара и земјата да ја реформира својата финанасиска политика и да ја прилагоди на другите земји.

Извештајот на Светска банка е подготвен заедно со еден кинески институт. Владата е оптимистички настроена.

Кинескиот министер за финансии изјави дека земјата ќе им се посвети на реформите и особено ќе ја покачи внатрешната побарувачка.

Кина е важен мотор за светската конјунктура. Но последно бруто домашниот производ се покачи само за речиси девет проценти. Премалку велат експерите, за широките народни маси во Кина да бидат дел од благосостојбата.

Weltbank Präsident Robert Zoellick
Шефот на Светска банка Роберт ЗоликФотографија: picture-alliance/dpa

„Сметам дека ќе има меко приземјување, не гледам криза“, вели шефот на Светска банка Роберт Зелик.

Досегашниот пораст, од кој профитираа многу луѓе има и пропратен ефект, имено социјалните немири во голема мерка можеа да бидат одбегнати. И поради ова владата има голем интерес на понатамошен висок раст.

Автор: Саша Кваизер/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска