1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Светот треба да знае, како се вика ќерка ми“

СН/ЕМФ/ртр/дпа/мф/ап6 јануари 2013

Таткото на силуваната индиска студентка, која почина по злосторството, го откри нејзиното име: Џоти Синг Панди. Нејзината насилна смрт ја потресе Индија и го шокираше светот.

https://p.dw.com/p/17Erj
Фотографија: dapd

Нејзиното име досега, како што е вообичаено во такви случаи, остана непознато. „Храбра ќерка на Индија“ ја нарекуваа оние кои со недели наназад по бруталното злосторство излегуваа на улиците да бараат запирање на насилството против жените. Индиските медиуми, 23-годишната девојка која на 16 декември беше силувана и претепана од петмина пијани мажи во еден приватен автобус во Њу Делхи, ја нарекуваа Аманат, бидејќи, според индискиот закон, името на жртвата на силување може да се открие само со нејзина согласност или, како во овој случај, со согласност на роднините на починатата.

Меѓутоа, сега жртвата има име. Нејзиниот татко самиот го објави: Џоти Синг Панди. „Ние сакаме светот да го знае нејзиното вистинско име. Јас сум горд на неа. Ако го кажеме нејзиното име, таа може ќе ги охрабри другите жени кои доживеале слични напади. Тие ќе ја добијат силата од мојата ќерка", изјави за британскиот  весник „Сандеј Пипл“, таткото на починатата, Бадри Сингх Панди. Џоти беше негова единствена ќерка.

Indien Vergewaltigung Proteste Reportage vom Jantar Mantar
Фотографија: DW/S. Petersmann

Во бракот со сопругата Аша тој има уште двајца синови. Бадри бил на своето работно место на денот на злосторството 16 декември и дознал за него дури доцна вечерта кога им било јавено дека нивната ќерка е пренесена во една болница во Њу Делхи. И покрај напорите на лекарите и извршените повеќе операции во Њу Делхи, на 26-ти декември таа беше префрлена во Сингапур, каде од тешките повреди на внатрешните органи и мозокот почина на 29-ти декември. Нејзиното семејство целото време било покрај неа. Таткото Бадри во изјавата за весникот „Сандеј Пипл“ вели дека за хоророт што го преживеала ќерка му дознал од сопругата која била покрај неа на двете сослушувања кои ги направила полицијата. „Немам зборови. Тоа не биле луѓе, дури ниту животни“, вели Бадри. Тој посакува смрт за сите сторители на злосторството.