1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот на оружјата

Хендрик Хајнце / Александар Методијев19 декември 2012

27 убиени во Њутаун, а стотици илјади земено глобално. Ширум светот 875 милиони пушки и пиштоли се вистински оружја за масовно уништување. Ќе помогнат постриктните закони? Што прават земјите поединечно?

https://p.dw.com/p/174ZZ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Мал тест – кој е предметот што го има во најголем дел од американските домаќинства? Што мислите? Тавче, секако. Радио – и тоа не е за изненадување. Библија или можеби Куран? Секако, многу луѓе имаат некоја од овие свети книги. А, што е со пиштолите?

САД – земјата која безгранично ги сака оружјата

Ако мислевте на огнено оружје, тогаш сигурно живеете во некоја рурална област, каде многу се лови, или, пак, во САД каде 310 милиони луѓе – од малолетни до стари, делат 270 милиони парчиња огнено оружје. Тоа би било речиси 90 оружја на 100 жители. Бидејќи голем дел од луѓето таму живеат сами, може да се заклучи дека за најголем дел од Американците оружјата во домаќинството се правило, а не исклучок. Од ден на ден меѓу Њујорк и Сан Франциско се застрелуваат по околу 25 луѓе. Дали заострената законска регулатива за оружја може да го намали овој број – за тоа вжештено се дебатира во САД.

Моќната лоби група на поседувачи на оружје (НРА) се противи на тоа. Таа смета дека доколку наставниците и студентите се вооружат, тогаш би можела да се запре трката за вооружување. Противниците на оваа теорија и анкетите покажуваат дека мнозинството од Американците се надеваат на претседателот Обама. Тие посакуваат тој да протурка построг закон. За сега во многу од американските сојузни држави е полесно да се дојде до оружје, отколку до возачка дозвола.

Kalaschnikow AK-47
Во Јапонија помалку од едно оружје доаѓа на илјада лицаФотографија: picture-alliance/dpa

Ширум светот во 2007-ма година беа избројани 875 милиони ситни оружја, од кои 650 милиони биле во приватни раце. Таквата проценка ја даде „Истражувањето за мало вооружување“, реномирана група за истражување од Швајцарија. Сопствениците на ова оружје убиваат или уништуваат масовно, а поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан тоа го формулираше со следниве зборови: „Во најголем дел од годините бројот на жртви од ситно оружје е буквално поголем од бројот на оние кои беа убиени од атомските бомби во Хирошима и Нагасаки“.

Јапонија: малку оружје и малку инциденти

Во Токио и Осака, во Хирошима и Нагасаки речиси никој нема пиштол, револвер или пушка во плакарот. Таму нема ни едно огнено оружје на илјада жители и таму од година во година има се’ помалку убиени лица. Помалку оружје, помалку убиства?

„Тоа е многу покомплексно“, објаснува Симоне Визоцки, експертката за лесно оружје од Фондацијата за мировни и конфликтни студии од Хесен. Според неа достапноста на оружјето не е причина за пукањата во училиштата или за вооружените насилства.

„Ако се погледнат статистиките ќе се види дека, на пример, во Јужна Африка има повеќе жртви од пукање со оружје отколку што има во САД, а лесното оружје таму е помалку достапно“, објаснува Визоцки.

Јужна Африка со помалку оружје и повеќе убиства

Во Јужна Африка во просек на 100 жители има 13 парчиња оружје. Тоа е помалку отколку во САД, но и помалку отколку во Германија, каде има 30 парчиња оружје на 100 жители. Споредено со популацијата, нема никаде во светот толку многу застрелани луѓе како што има во Јужна Африка. Причините за тоа се бројни, но пред се’ се однесуваат на насилството, големите социјални конфликти, сиромаштијата и социјалната нееднаквост, недостатокот на законодавство и секако лабавите закони во однос на вооружувањето.

Ein zwölfjähriger Kindersoldat in der Stadt Bo in Sierra Leone präsentiert seine Kalaschnikow
Во Јужна Африка бројот на оружјето е помал во споредба со САД или Германија, но бројот на убиствата е поголемФотографија: picture-alliance/dpa

Австралија не ја сака американската болест

Simone Wisotzki HSFK
Симоне ВизоцкиФотографија: HSFK

Пример за тоа дава Австралија. Пресвртен момент за тамошниот закон за оружје е 1996-та година, кога на крајот од април во тасманискиот Порт Артур еден млад човек застрела 35 луѓе. Потоа јавноста, медиумите, политичарите и партиите во голема мерка се согласија – потребни се построги правила. Тогашниот премиер Џон Хауард нагласи, споменувајќи ја американската љубов кон оружјето: „Не сакаме американската болест да дојде кај нас“. За кратко време низ целата земја беше постигнат договор. Сега оружје можат да имат само возрасни лица кои мораат да потврдат дека имаат добра причина за поседување оружје. Самоодбраната не се смета како причина за поседување оружје. Оној кој има оружје мора да го регистрира и да го чува на сигурно место. Оттогаш во земјата нема вооружени напади, како масакрот од 1996-та година.