1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот излегува од рецесија

1 октомври 2009

По најтешката рецесија во последните децении, економијата се опоравува побргу од очекуваното. Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека по минусот во 2009 година, светот во 2010 година ќе забележи пораст од цели 3,1%.

https://p.dw.com/p/JvNF
ММФ

„Глобалната економија, се чини, повторно експандира“, се вели во есенската прогноза на ММФ. Притоа се додава дека темпото на опоравување е бавно и дека економските активности се далеку под нивото од времето пред кризата, дека на кредитните пазари и натаму има малку капитал и дека невработеноста во догледно време ќе остане висока.

2009 година беше особено тешка за Германија, чие стопанство забележа речиси најголем пад од сите развиени индустриски земји. Падот на економијата од 5,3 проценти во 2009 година, меѓутоа не само што ќе биде надминат, туку според прогнозите на ММФ, таа ќе забележи дури и благ плус од 0,3%. Во извештајот се наведува дека Германија како земја извозник е особено тешко погодена од кризата, но дека нејзината економија, сега, и ќе прифитира повеќе од другите економии поради опоравувањето на светската трговија. Што се однесува до процентот на невработеност, експертите на ММФ прогнозираат дека таа ќе се зголеми од 8 на 10,7 проценти во 2010 година. Во евро-зоната стапката на невработеност наредната година ќе се зголеми на 11,7%, а во САД на 10,1%.

Автор: ЕМФ/ЖА/афп/ап/дпа

Редактор: Александра Трајковска