Светот во борба против гладот
3 јуни 2008Според податоци на ОН цените на прехранбените производи мината година во светот се покачени за 40 проценти. Причините се многустрани: зголемена побарувачка за прехранбени производи, покачени цени на енергијата, суши но и пропуштени инвестиции во земјоделството, смета генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.
Со оглед на ваквиот развој сега мора брзо да се делува нагласува тој „Оваа криза се отсликува на многу начини. Погодени се најсиромашните меѓу сиромашните. Гладта се зголемува и се опстојува да се исполнат барања до хуманитарните организации, особено ако ветувањата за финансиска помош не се исполнети.“
Недостасуваат финансиски средства
Со недостаток на пари особено се соочува Програмата за борба против гладта на Обединетите нации. Имено поради покачените цени на прехранбените производи не може да ги исполни ветувањата. За 2008 година од буџетите на земјите донатори беа одвоени околу три милијарди долари за да се прехранат гладните во светот. Сега во касата на Светската програма за борба против гладта недостасуваат 750 милиони долари - за половина од оваа сума веќе се доби покритие од владите во светот.
Германската министерка за развојна помош Хајде Мари Вичорек Цојл неодамна даде ветување дека ќе се зголеми германската финансиска помош за оваа организација за 10 проценти.
Ветувањата мора да се исполнат
Претседателот на Светската банка Роберт Зелик на крајот на април во Берн побара и да се исполнат ветувањата.„Тоа не е природна катастрофа, но за милиони е катастрофа. Сега мора да се дадат ветувања за помош за да се покрие дефицитот во Светската програма за борба против гладта. Но само ветувања не може да ги заситат гладните. Земјите донатори мора да ги стават парите на маса за на Светската програма за борба против гладта да и се пружат максимални услови за преземање мерки.“
Откако поради високите цени на прехранбените производи дојде и до немири во Хаити и Египет на пример, Светската банка оцени и дека станува збор за тивко цунами, кое 100 милиони луѓе ги носи во глад и би можело да стане и конфликтно жариште на иднината, поради што навреме треба да се преземат мерки.