1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози се нуди да посредува на Блискиот Исток

Клеменс Ференкоте24 јуни 2008

Францускиот Претседател Николас Саркози апелираше до Израел да ја сопре натамошната изградба на еврејски населби на палестинските автономни подрачја. При говорот во Кнесетот тој понуди и посредување во мировниот процес.

https://p.dw.com/p/EPh2
Никола Саркози при говорот во израелскиот Парламент.Фотографија: AP

Францускиот Претседател Никола Саркози на пратениците на Кнесетот им упати јасна порака: нема да има мир додека не престане изградбата нови станови во еврејските населби на палестинските автономни подрачја.

„Мислам дека нема да има мир без тотално и итно запирање на изградбата нови населби. Постои предлогот да се поттикнат доселениците да го напуштат Западниот брег и да им се дадат нови куќи на израелска територија. Знам дека тој доби широка поддршка меѓу членовите на Парламентот. Ви порачувам: создадете услови за нешто да се придвижи. Мир не е можен додека Палестинците самите не се борат против тероризмот во сопствените редови!“

Освен тоа нема да има мир ни ако Ерусалим не биде признат како главен град на две независни држави. Иднината на Израел и Палестина мора да почива врз простување, а не врз одмазда, порача Саркози.

Иран не смее да стане атомска сила

Гостинот од Париз во говорот пред пратениците се осврна и на проблемот со Иранската атомска програма. Осврнувајќи се на заканите на иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад дека ќе го избрише Израел од политичката карта на светот, Саркози порача:

„Оние кои повикуваат на уништување на Израел секогаш ќе мораат да заклучат дека Франција ќе им го попречи патот!“

Меѓународната заедница е решителна

Иран како нуклеарна сила во регионот не може да се толерира,, додаде францускиот петседател награден со долг аплауз на пратениците:

„За да биде се’ јасно, сакам да ви кажам дека воената нуклеарна програма на Иран бара решителна акција на меѓународната заедница. Израел мора да знае дека не е сам!“ Ова е индиректна реплика на информациите дека израелското воено воздухопловство минатиот викенд вежбало напад врз иранските нуклеарни постројки. Саркози инаку доби пофалби од израелскиот премиер Ехуд Олмерт како политичар кој донесе ново придвижување во претходно оптоварените односи меѓу Израел и Франција. Пофалби за говорот во Кнесетот стигнаа и од Претседателот на Палестинците Махмуд Абас, кој денеска ќе има разговори со Саркози во Витлеем.