Самоубиствен напад во Бакуба
25 септември 2007Реклама
Најмалку 25 лица загинаа а 50 се повредени во самоубиствен бомбашки напад пред една шиитска џамија во градот Бакуба во Ирак. Атентаторот го активирал експлозивот за време на разговорите меѓу шиитски и сунитски претставници. Меѓу загинатите се гувернерот на провинцијата Дијала и шефот на полицијата во Бакуба.