1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Самоопределување“ протестираше во Митровица

СН/ЖА/бета30 март 2013

Околу илјада приврзеници на косовското опозициско движење „Самоопределување“ демонстрираа денеска во Митровица против преговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија

https://p.dw.com/p/187EO
Фотографија: picture-alliance/dpa

Простестот кој денеска во Митровица го организираше опозициската партија „Самоопределување“ на Албин Курти (фото горе) се одвиваше мирно а демонстрантите беа дојдени од сите делови на Косово, јавија српските и косовските медиуми. Учесниците на протестот притоа извикувале „Без обединета Митровица нема Косово“, „ Не за трговијата со северно Косово“, „Хашим Тачи ( косовскиот премиер) крадец“. 

„Во личната трговија на премиерот Тачи во Брисел не се обединува Митровица, туку Србите се обединуваат да ја поделат Митровица“, изјави лидерот на движењето „Самоопределување“. Курти уште порача дека Митровица не може да се дели на два дела бидејжи тоа е единствен град.

Тој оцени дека треба да се обезбеди развојот на јужниот дел а не на северниот дел на Митровица.

Курти најави дека „Самоопределување“повторно ќе организира протести доколку во Брисел на 2 април биде постигнат договор меѓу Белград и Приштина. Тоа би било предавство, и порача Курти на Владата на Косово