1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на празни зборови

21 април 2006

Кинескиот претседател, Ху Џинтао разговараше со американскиот претседател Џорџ Буш. Тој вети помош во решавањето на атомскиот конфликт со Иран и Северна Кореја, а од домаќинот му беше порачано дека треба да се направи повеќе во сферата на човековите права

https://p.dw.com/p/Ae28
Ху Џинтао и Џорџ Буш
Ху Џинтао и Џорџ БушФотографија: AP

Првата официјална посета на кинескиот претседател на САД воопшто не донесе резултати. Ху Џинтао на Џорџ Буш му вети помош при решавањето на атомскиот конфликт со Иран и Северна Кореја, но за поостар однос, како опсежни економски санкции Пекинг не е подготвен. Исто таков е ставот и кон Судан, чиј режим е одговорен за убиство и протерување на стотици илјади луѓе. Кина се презентира со задоволство како одговорна и сила која сака мир. Но, ако се погледнат работите попрецизно, тоа се само чаури од зборови. Надворешната политика на Пекинг досега исклучиво е насочена кон сопствените геостратешки и економски интереси, каде особено се истакнува ограничувањето на американското влијание во големи делови на Азија и се поголемата потреба од енергија на земјата, која е во фаза на економско чудо.

Се разбира, и САД тврдокорно следат политика на интереси, токму кон светкополитички и економски се посилниот конкурент – Кина. Но, во САД, барем парцијално, конгресот и критичката јавност придонесуваат власта да мора да се ориентира и кон други критериуми, како почитување на човековите права. Тоа не ги спречи додуша ни војната во Ирак, ниту затворот на Гуантанамо, но корекции на една погрешна политика се секогаш можни. Во Кина автократски владеачките комунисти носат значајни решенија без учество на народот. Денеска граѓаните на Кина уживаат слободи, кои пред една - две децении биле незамисливи, но демократските реформи не се спроведуваат, а повредите на човековите права се постојано на дневен ред. Сосема со право, Буш на својот гостин му укажа дека недостигот на учество на граѓаните е пречка за развојот на земјата.

И економски, посетата на Ху Џинтао не донесе опипливи резултати, барем не за американска страна. Колку што американско-кинескиот самит беше неспектакуларен, со исклучок на гласната демонстрантка, толку возбудлив ќе биде односот меѓу двете земји во годините што доаѓаат. Кина, долгорочно, е најголемиот предизвик за светската сила САД. И, и покрај многуте заеднички интереси во економската сфера, постојат многу полиња на конфликти кои во секој момент можат да се претворат во сериозни политички тензии, почнувајќи од конкурентското додворување на лиферантите на суровини и сферите на влијание се до огромното вооружување на Кина и нејзините воени закани кон Тајван. На двете земји ќе им биде потребен голем дипломатски напор за долгорочно да воспостават и одржат здрав баланс меѓу партнерството и ривалството.