1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на Г8

7 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ap3E

Шефовите на седумте најразвиени земји во светот и Русија денеска во Хајлигендам, Германија, ќе разговараат са состојбата со светската економија, меѓусобните односи, климатските промени како и блискоисточниот конфликт и иранската атомска програма. Германската канцеларка Ангелка Меркел повикува на глобален договор за намалување на емисијата на штетните гасови, што засега САД го отфрлаат. Американскиот претседател Џорџ Буш воочи разговорите со рускиот колега Владимир Путин изјави дека Москва треба да се смири во врска со планоцвите за инсталирање антиракетен штит на европска територија. Путин во изминатите месеци жестоко го критикуваше планот на американците и предупреди дека во случај тој да биде спроведен Русија ќе ги насочи своите ракети кон цели во Европа.