Самит кој ќе ја зајакне позицијата на Македонија
30 април 2008Реклама
Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, на прес конференција најави дека теми на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ и влијанието што тој процес го има врз националните економии. Тој зборуваше и за тоа зошто Косово не е дел од самитот и дали на грчкото тивко економско ембарго Македонија ќе одговори на ист начин.