1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самитот на ЕУ со проширена агенда

24 март 2011

Самитот на ЕУ во Брисел речиси исклучиво требаше да се занимава со пакетот за стабилизација на еврото. Но, настаните во Јапонија и Либија ги наметнуваат и темите атомска безбедност и заедничка надворешна политика.

https://p.dw.com/p/10gdm
Фотографија: AP

Лидерите на замјите членки на Унијата се очекува на Самитот да го усвојат вкупниот пакет за стабилизација на еврото кој вклучува разни механизми, меѓу нив и постојан финансиски фонд за заштита на еврото, како и неколку програми за реформи.

„Можам да ви соопштам дека имаме согласност за сите прашања на Европскиот механизам за стабилизација, и многу сум задоволен поради тоа“, изјави во понеделникот (21.03) шефот на еврозоната, луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер.

Portugal Finanzkrise Euro Lissabon Regierungskrise Sparprogramm
Португалскиот премиер Жозе Сократеш поднесе оставка, откако не беа прифатени предложените мерки за штедењеФотографија: AP

Меѓутоа, расправата за оваа клучна тема на претстојната дводневна средба на врвот на Унијата нема да протече едноставно, со оглед на вчерашните случувања во Португалија. Имено, парламентот во Лисабон не ги усвои новопредложените мерки за штедење на владата, по што премиерот Жозе Сократеш поднесе оставка. Ова беше веќе четврт пакет за штедење во рок од една година. Со него требаше да биде намален државниот дефицит, што е услов за добивање помош од европскиот фонд за спас на еврото, од кој средства веќе користат Грција и Ирска. Претседателот на државата Анибал Кавако Силва, инаку, ја прифати оставката на Сократеш и високозадолжената земја сега се наоѓа пред нови избори.

Автор:СН/ртр/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска