1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас бара од ЕУ промени на реформите

Томас Борман / Елизабета Милошевска Фиданоска7 јули 2012

Во владината изјава во парламентот грчкиот премиер Андонис Самарас стави до знаење дека ќе се држи до курсот на штедење, но нагласи дека од ЕУ ќе бара промени на реформите. Опозицијата е огорчена по говорот на премиерот.

https://p.dw.com/p/15TK8
Фотографија: AP

Грција останува на курсот на штедење - тоа е најважната порака во владината изјава на новиот грчки премиер Андонис Самарас. Тој признава дека земјата заостанува во реформските напори, односно не го исполнува временскиот план. Сепак, реформите мора да се спроведат, рече јасно и гласно Сарамас: „Ние не питачиме помош, ние сме решени да спроведеме големи структурни реформи, не затоа што тоа од нас се бара, туку затоа што мораме да ги спроведеме“.

Самарас најави дека владата сака да приватизира повеќе државни претпријатија отколку што тоа досега беше планирано. Целта е обезбедување работни места и економски пораст. Премиерот меѓутоа изрази и желба до другите евро-земји и ММФ за добивање повеќе време за спроведување на реформите: „Молиме за извесни промени во програмата за воопшто да можеме да ги постигнеме целите. Треба пред се‘ да се ублажат оние делови на програмата за штедење кои ја заоструваат рецесијата“.

Грчката влада, на пример, сака да затвори јавни установи, но притоа да не отпушта вработени, зашто тоа, како што нагласи Самарас, само ќе ја зголеми и онака високата невработеност и ќе го загрози социјалниот мир.

Griechenland / Athen / Parlament
Фотографија: Reuters

Опозицијата е огорчена. Димитрис Пападимулис од левичарскиот сојуз Сириза ја критикува владата. „Тие на грчкиот народ му ветија дека ќе преговараат наново околу програмата за штедење. Трипартитната влада на Самарас не е ништо друго освен продолжение на претходната влада на Пападимос“.

Денеска (07.07) и утре околу 300 пратеници во грчкиот парламент дебатираат за владината програма. Во ноќта од недела спрема понеделник (08/09.07) ќе гласаат за програмата. Владејачките партии имаат јасно мнозинство - 179 од вкупно 300 пратенички места.