1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саксонија – насилство

22 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWl7

Хајката против осумтемина Индуси во саксонскиот град Мигелн, предизвика незадоволство меѓу сите партии во Германија и повторно ја разгоре дебатата за десниот екстремизам во Источна Германија. Додека полицијата официјално и натаму води истрага во сите насоки, политичарите на демохристијанската и на социјалдемократската партија насилството против странците на истокот го оценија како мошне сериозен проблем. Премиерот на Саксонија, Георг Милбрат насилството го оцени како неприфатливо. Индија побара целосно разјаснување на случајот. Околу 50 Германци за време на викендот, по една прослава, гонеше осумммина Индуси низ Мигелн, ги тепаше и ги повреди.