1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саем на Аеронаутика во Берлин

Сабине Кинкарц30 мај 2008

Берлин повторно е домаќин на саемот за аеронаутика. Посетителите одблиску можат да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во борбени комерцијални цели. Годинава земја партнер е Индија

https://p.dw.com/p/E9Gp
Фотографија: AP

Еурофајтер надлетува над аеродромот Берлин Шонефелд. Веднаш зад најмодерниот европски борбен авион, лета американскиот Торнадо, по што следуваат транспортни авиони и хеликоптери. Ова е само дел од она што деновиве може да се види на саемо за аеронаутика во Берлин. Директорот Волфрам Корнелиус вели: „Еден од најпривлечните експонати е повторно Ербас А 380. Тука се и врвните борбени авиони, комерцијалните, но и леталата од ултралесни материјали„

На манифестацијата се изложени 300 летала. Присутни се 1100 излагачи од околу 40 земји, што е нов рекорд. Пред две години партнер беше Русија. Годинава тоа е Индија. За индиската авио индустрија ова е најголем чекор надвор од потконтинентот, објаснува Корнелиус: „Индиските вооружени сили и индиската индустрија се претставени од фирмата Хиндустан Аеронаутик. Тие се претставени со хеликоптер, кој е нивно производство. Тој беше довезен со помош на транспортни авиони. Тука може да се види какво е значењето за партнерската земја на оваа изложба. Не е нималку безначаен логистичкиот трошок да се донесат осум хеликоптери од Индија во Германија„


На саемот доминираат европските производители

ЕАДС, Ербас, Еурокоптер, Еурофајтер, Еуроџет или Арианеспејс, претставени се речиси сите фирми. Од САД на аеродромот пристигнуваат два авиони ветерани, во делот на изложбата кој се вика „60 години од воздушниот мост за Берлин„. Сепак најголемиот американски производител Боинг не е присутен.

Шефот на Ербас, Томас Ендерс не е загрижен поради недостатокот на конкуренција, бидејќи во неговата фирма во моментов има доволно проблеми. Ендерс е истовремено претседател на сојузното здружение на германската авио индустрија. На саемот тие се претставуваат со успешни резултати: „Во последната година за прв пат ја достигнавме магичната сума на обрт од 20 милијарди евра. Обртот е во пораст од 3,8% така што може да се забележи дека тоа е јасно повеќе од економскиот пораст во Германија. Така што со право можеме да тврдиме дека сме битен мотор за развој за економијата„

ILA 2008 Galerie 06
Фотографија: dpa


Инаку германската авио индустрија вработува повеќе од 88.000 лица, а тенденцијата е во пораст. „Претставени сме со една платформа, на која студентите, апсолвентите и квалификуваните работници, можат да се информираат за можностите за наоѓање на работно место„

Изложбата која трае до викендот се очекува да привлече 200.000 посетители.