1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саем на автомобили во Пекинг

21 април 2008

На викендот во пекиншкиот саемски центар започна Авто-Кина саемот со учество на најголемите германски производители.

https://p.dw.com/p/DlaY
Авто-Кина саем: бизнисот си е бизнисФотографија: picture-alliance / dpa

Европските автомобилски марки доминираат на саемот во Пекинг, чии граѓани се познати како големи љубители на автомобили. Меѓутоа, политичката затегнатост меѓу Кина и западните земји поради кризата на Тибет, не минува без траги, особено не при купувањето:

„Секој Кинез ја сака својата земја. Ако на пример, Французите се толку непријателски расположени кон нас, тогаш се разбира дека нема да ги прифатиме нивните производи. Ако станува збор за купување автомобили, прво се мисли на кинеските марки, но германските и натаму не стојат лошо. Политиката нема ништо со купувањето автомобили„.

Најголемиот број Кинези ситуацијата ја посматраат како оваа жена. Зашто германските марки доживеаја пораст во Кина за 36 проценти во првиот квартал. Побргу од целиот пазар. Скоро секое петто ново возило моментално носи германско име. БМВ и Мерцедес-Бенц во првиот квартал доживеаја пораст од по 40 насто. Во бројот продадени автомобили Фолксваген има најамбициозна цел. Претседателот на управниот одбор Мартин Винтеркорн:

„Сметаме на тоа Кина да стане најголемиот пазар за Фолксваген и дека на тој начин ќе ја надминеме и продажбата во Германија. Најверојатно ќе го пробиеме бројот од милион продадени автомобили„.

Тој проценсува дека тибетската криза нема да влијае врз тоа. Додуша, со кинеските партнерски фирми се одвиваат разговори за политичката ситуација, но без влијание врз бизнисот. Ниту врз улогата на Фолскваген како спонзор на Олимписките игри. Тоа што движењето на олимпискиот факел поради насилничките протести се најде под специјални безбедносни мерки, не е никаков проблем:

„Воопшто не. Најважни се Олимписките игри и таму сме добро претставени„.

Фирмата ќерка на Фолксваген, Ауди планираше светска премиера на теренскоот возило „Ку-5„, и тоа не само на пекиншкиот саем, туку и во подножјето на Монт Еверест, вели шефот на Ауди, Руперт Штадлер:

„Имавме повеќе идеи за таму горе да направиме повеќе добри фотографии. Ќе беше одлично. Меѓутоа, се откажавме уште пред два месеца, бидејќи логистички ќе беше многу тешко да се изведе целата операција на височина од околу 5 илјади метри„.

Инаку, за Олимписките игри Ауди стави на располагање лимузини. Мерцедес-Бенц не е спонзор, но сепак се претстави во Пекинг, изјави шефот на фирмата Дитер Цече:

„Со години сме партнер на германскиот, исто како и на Меѓународниот олимписки комитет. Постојано ги следевме обата и тоа ќе го направиме и тука во Пекинг„.

Шефот на БМВ, Јан Робертсон спокојно реагира на политичката криза:

„Кина веќе докажа дека се отвора. Ако само се погледа развојот на авто-пазарот, или овој саем, споредено со саемите од пред 5 или 10 години, тогаш ќе се види промената. Од моето искуство како шеф на БМВ за Јужна Африка, знам дека се случуваат промени и тоа и општествени. Оттаму, ќе го прошириме производството овде за нови 40 проценти годинава што ќе се случи со нашите луѓе во Кина„.