Саемот на книги во Солун, востановен лани, годинава доби меѓународен карактер
7 јуни 2005Грчката литературна сцена сака да каже зборче во Европа на новиот милениум, а што би било попогодно за тоа, од еден саем на кој литературата е во средиштето. Движечката сила која стои зад саемот е темпераментната Кетрин Велисарис, директорка на Националниот книжевен центар на Грција. „Грција сепак е европска земја, па така да се рече го покани семејството. Многумина одговорија на поканата: Англичани, Французи, Германци. Грција лежи на источната граница на Европа, па беше консеквентно Европа да се среќава со своите директни соседи. Поради тоа беа поканети балканските земји, Русија и други источноевропски земји, објаснува Велисарис.
120-те штандови во една од халите на сајмиштето дејствуваат прегледно; солунскиот не сака да се споредува со Саемот на книгата во Франкфурт, овде не може да стане збор за голема помпа и преполнети ходници. Но, секој саем секогаш е голема културна берза за контакти. Поради тоа со штанд беа застапени и Институтот Гете и медиумскиот партнер Дојче Веле. Карл Ханјц Талман, раководител на Гетеовиот институт, се надева на натамошно проширување на веќе сега вистински обемната соработка со сите кои се заинтересирани за германскиот јазик: „Областа литература игра забележителна улога пред се’ во образовната кооперација; тоа е соработката со германисти овде во земјава, на училиштата, приватните училишта и на универзитетите“.
На организаторите на саемот им беше важно сосем целно да поканат одредени издавачи и претставници на браншата, на пример од Германија: пред 4 години Грција беше гостин на франкфуртскиот саем. Во меѓувреме опадна еланот на тогаш интензивно негуваната размена меѓу автори и издавачи, преведувачи и читатели. Сега, со помош на изложбата на книги во Солун, тоа треба повторно да биде подобрено. „Се разбира дека сум овде за да се информирам, но многу е важно да се има и личен контакт со издавачите зашто најголемиот дел од книгите не се наоѓаат во големите книжарници, ниту во каталозите на издавачите, туку во директен разговор. Мора да се артикулира што е посебното во грчката литература и истовремено да се соопшти што се бара во Германија, зашто за германскиот пазар се погодни само неколку наслови“ – вели Сузане Биндерман, лектор кај издавачот Валштајн од Гетинген.