1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ќе повлечат дел од трупите

16 август 2004

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд ги потврди плановите за големо повлекување на американските трупи од Европа и Азија.

https://p.dw.com/p/AcLs
Потврда од Рамсфелд-САД повлекуваат војници од Европа и Азија
Потврда од Рамсфелд-САД повлекуваат војници од Европа и АзијаФотографија: AP

Според изјавата на Рамсфелд, со оваа мерка се погодени и американските трупи во Германија. Владата во Вашингтон за својата намера веќе разговарала со владата во Берлин и, според зборовите на министерот, било покажано разбирање, но не спомна конкретни борјки. Во Германија во моментов се стационирани околу 70 илјади американски војници и претставуваат важен економски фактор во вработувањето цивилни лица. Американскиот претседател Џорџ Буш денеска официјално ќе ги соопшти плановите за преструкурирае на воените сили. Според новински извештаи, во наредните две години треба да биде повлечен секој втор војник од Германија.