САД ќе и‘ продадат беспилотни летала на Јужна Кореја
26 декември 2012Владата на претседателот Барак Обама за ваквите намери, како што е законски предвидено, го извести и Конгресот на САД. Јужна Кореја има намера да купи четири беспилотни летала од типот „Голден Хоук“ за цена од 1,2 милијарди долари и до тоа да ги надгради своите разузнувачки капацитети. Беспилотното летало од типот „Голден Хоук“ се верува дека може од голема височина да детектира движечки и недвижечки цели дури и при лоши временски услови.
Во САД во меѓувреме жестоко се дискутира за ваквата одлука на владата во Вашингтон.
Критичарите стравуваат дека продажбата на беспилотни летала на Јужна Кореја би можела да предизвика трка во вооружување во регионот. Северна Кореја имено на средината од месецов според сопствени наводи тестираше ракета носач на сателити, со што си навлече жестока критика на меѓународната заедница. САД, Јужна Кореја, Јапонија и други земји се сомневаат дека станувало забор за воен тест на проктил кој може да биде вооружан со атомска боева глава и да достигне цели во САД.