САД ја избегнаа „фискалната бездна“
2 јануари 2013Долго време беше нејасно, дали во Претставничкиот дом, каде доминираат републиканците, воопшто ќе биде можно брзо гласање околку компромисниот предлог за спорот околу буџетот. Имено, во рамките на Републиканската партија контроверзно се дискутираше за него.
Некои пратеници, како Том Кол, аргументираат - овој договор е најдоброто што можевме да го постигнеме, кога ја немаме власта во Белата куќа и во Сенатот.
Многу други пратеницим како Спенсер Бахусм меѓутоам изразија остра критика. Тие бараат промена на компромисниот предлог - тој би морал да содржи поголеми кратења на давачките.
Исто така и кај многумина демократи во Претставничкиот дом не е прекумерна радоста за компромисот, но мнозинството кај нив беше сигурно, затоа и извршија притисок. Компромис имено, секогаш значи дека делови од него не се сметаат за добри. Меѓутоа, секогаш има и нешто, што се смета за добро, изјави заменик шефот на пратеничката група на демократите Стени Хојер. Тој ги повика републиканците да се откажат од желбите за промени и да не го одолговлекуваат решението на проблемот околу „фискалната бездна“.
Конечно кон ваквиот став се приклучија и некои републиканци. Компромисот изгледаше вака: 257 наспроти 167 гласови, со што неопхоното мнозинство беше далеку надминато. Повеќето гласови „за“ дојдоа од демократите, меѓу републиканците имаше, според очекувањата, многумина кои не гласаа за компромисот. Оваа спогодба значи и дека повеќето од драстичните зголемувања на данокот и кратења на расходите, кои на Нова година автоматски стапија во сила, веднаш се повлекуваат. Со ова е надмината и големата опасност за американското стопанство, на која предупредуваат голем број експерти - дека автоматските мерки ќе доведат до силно покачување на невработеноста и влегување во рецесија.
Американскиот претседател Барак Обама, кој кратко откако беше постигната спогодбата излезе во јавноста и најде пофални зборови - дека сега може да потпише закон кој ќе доведе до поголемо оданочување на лицата со висока заработувачка во САД, а ја поштедува средната класа од повисоки даноци. Претседателот меѓутоа рече дека на земјата во иднина и’ е потребно повеќе отколку вакви минимални компромиси. Според него, итно е неопходно да се постигне согласност за долгорочните проблеми со долговите. Затоа Обама побара соработка без оглед на партиската припадност. Претседателот и сите во Вашингтон знаат дека сегашниот компромис не е крај на финансиските борби. Напротив, претстојат уште поголеми битки.
Одлуката за тоа каде во државниот буџет масовно ќе се крати, е одложена за крајот на февруари. Речиси во истиот период американската влада мора да ја подигне повторно горната граница за долговите за да остане платежно способна. Републиканците во тоа гледаат добра можност за да извлечат согласност од претседателот. Еден советник на претседателот е цитиран со следните зборови: Ако мислевте дека изминатите недели беа тешки, тогаш подгответе се на полошо. Пред нас имаме 60 страшни денови.