САД уапсија еден од атентаторите од Кенија
27 март 2007Реклама
САД уапсиле еден од луѓето кои стојат зад терористичките напади во Кенија, што беа извршени во ноември 2002 година. Абдул Малик бил фатен во Источна Африка и пренесен во затворот во Гавнтанамо. Американското министерство за одбрана во Вашингтон соопшти дека Малик признал оти бил учесник во нападот врз израелски авион и истовремениот бомбашки напад врз хотел во Момбаса. Во нападот врз хотелот, атентатори самоубијци однесоа во смрт 13 луѓе.