1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД спречиле терористички заговор на Ал Каеда за уривање на авион

ЕМФ/ЖА/миа8 мај 2012

САД спречиле терористички заговор на Ал Каеда за уривање авион во периодот околу годишнината од убиството на лидерот на терористичката мрежа Осама бин Ладен, соопштија американските власти за борба против тероризмот.

https://p.dw.com/p/14rV9
Фотографија: picture-alliance/dpa

Заговорот, кој бил дело на јеменскиот огранок на Ал Каеда, бил спречен пред да стане реална закана за граѓаните на САД или за сојузниците на земјата. Со него се предвидувало при нападите да биде користена посебна бомба, која е наменета за носење под долната облека.

Ал Каеда на Арапскиот полуостров изврши неуспешен обид за ваков сличен напад пред Божик 2009 година. Тогаш нигерискиот напаѓач Умар Фарук Абдулмуталаб не успеа да ја активира бомбата, која ја носеше под облеката, во авион кој леташе од Амстердам до Детроит. Овој пат Ал Каеда разработила подобар систем за детонирање. Амбициозниот план на терористите бил откриен од ЦИА. Бомбата била одземена уште пред определениот напаѓач самоубиец, кој се наоѓал во Јемен, да ја означи целта и да си купи авионска карта.

Според претставници на американската влада, терористите планирале да нападнат патнички авион, кој вршел редовен лет до САД.

ФБИ моментално проверува дали новата бомба може да биде неоткриена при контролите на аеродромите и да биде внесена во авион. Засега нема планови за измена на процедурите за безбедност на аеродромите во САД.