1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД со критика до Амнести

24 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anw7

САД го оценија како политички документ годишниот извештај на Амнести интернешнал организацијата за заштита на човековите права. „Кога се чита извештајот за жал повеќе се чита политилчки извештај отколку чесна проценка на состојбата на човековите права во свеот“, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Том Кејси. Во годишниот извештај стои дека антитерористичката борба и политиката на застрашување се сериозна закана за човековите права и слободи. Амнести го обвини и американскиот претседател Џорџ Буш дека со политиката за предизвикување страв од тероризмот ја засилил својата извршна власт.