1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД складираат оружје во Израел

13 ноември 2010

Американскиот специјализиран воен магазин „Дефенз њуз“ информира за плановите на САД, во Израел да складираат уште оружје и воена опрема, вредни 400 милиони долари.

https://p.dw.com/p/Q6qh
Во случај на војна американското оружје го користат американските и израелските сили

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху досега не се профилираше како воен командант. Во изминатата годинаипол Нетанјаху избегнуваше и воена реторика во поглед на заканата од Иран и неговата спорна атомска програма. Во текот на посетата на САД неделава, Нетанјаху се одлучи за поостри формулации од вообичаените:

„Доколку меѓународната заедница, предводена од САД, сака да и` стави крај на иранската атомска програма без употреба на воена сила, тогаш мора јасно да му даде стави до знаење на Иран дека е подготвена и на воени мерки. Позицијата ’шах мат’ не функционира во случајов. Иранската атомска програма мора да се сопре, оти таа е најголемата закана за нас.“

„Прецизно оружје“ за воздушни напади

Gabi Aschkenasi
Заврши мандатот на израелскиот главен командант Габи АшкеназиФотографија: AP

Затоа САД планираат складирање на дополнително оружје во Израел, во вредност од 400 милиони долари. Вкупната вредност на американско оружје складирано во Израел ќе порасне на 1,2 милијарди долари. Во случај на војна, американското оружје им стои на располагање на американските сили, но и на израелските. Во втората војна против Либан, Израел користеше оружје од резервите на САД.

Израелскиот весник „Хаарец“ пишува дека пред се‘ ќе се зголемат резервите на т.н. „прецизно оружје“ за воздушни напади, кое може да има важна улога во евентуална војна против Иран и неговите атомски централи. Израелскиот главен командант во заминување Габи Ашкенази неделава зборуваше за значењето на „прецизното оружје“ за идните војни:

„Целата војска, раководните структури и војниците, најверојатно го има истиот став. За израелската армија има две можности - или се подготвуваме за војна, или сме во војна. Затоа постои армијата.“

Иран е најголема закана за стабилноста

NATO Tagung Washington
Генералниот командант на американските сили Мајкл Мјулен (д.)Фотографија: AP

Останува нејасно дали складиштата се полнат со оружје за војна против Иран. Генералниот командант на американските сили Мајкл Мјулен, при неговата посета на Израел во февруари, изјави дека Иран е најголема закана за стабилноста на Блискиот Исток:

„Иран врши влијание и врз Хезболах, Хамас, Јемен, дури и врз Авганистан и Ирак. Сметам дека Иран веќе подолго време е дестабилизирана држава, а не гледам промена во политиката на владата.“

Сепак, владата на САД можеби складира оружје токму за да спречи самостоен напад на Израел против Иран. Во таков случај, САД би го зголемувале вооружувањето за да го охрабрат Израел да ризикува за да се постигне мир. Шефот на израелската воена тајна служба Амос Јадлин во средата (10.11.) изјави дека Иран веќе поседува доволно количество облагороден ураниум за производство на атомска бомба.

Автор: Себастијан Енгелбрехт / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска