1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД сакаат да спречат втор Бенгази

ЖА/дпа/ртре 3 август 2013

Чиста мерка на претпазливост или нешто повеќе: САД и Велика Британија привремено ги затвораат своите амбасади на Блискиот Исток и во Јемен (на фотографијата). И германската амбасада таму привремено е под клуч.

https://p.dw.com/p/19JC6
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поради зголемена опасност од терор, САД издадоа предупредување за патувања и најавија дека повеќе, вкупно 21 амбасади и конзулати на Блискиот Исток утре ќе останат затворени. Според американското министерство за надворешни работи, постојат укажувања дека Ал Каеда или нејзини сојузнички организации планирале напади. Посебно голема опасност постои на БЛискиот Исток, северна Африка, како и Арапскиот Полуостров. Терористите на мета можат да ги имаат американските институции, но и јавниот сообраќај или туристичката инфраструктура. Стејт департментот изричито укажува на тоа што Ал Каеда во минатоот напаѓаше авиони, возови, бродови и метро.

Општото предупредување за патување како сегашното, „Тревел алерт“ е сосема невообичаено, обично Стејт департмент предупредува од патување во одредена земја. „Тревел алерт“ има пократкорочна важност од „Тревел варнунг“, предупредување кое е подолгорочно. Но, американските власти не наведуваат конкретни укажувања за планирани напади.

Logo USA Außenministerium State Department
Стејт департмент издаде невообичаено предупредување за патување во цел светФотографија: picture-alliance/dpa

Портпарол на германското министерство за надворешни работи во Берлин за новинската агенција ДПА изјави дека утре и в понеделник ќе остане затворена и германската амбасада во Јемен од безбедносни причини. И Велика Британија утре и задутре нареди затворање на најзиното дипломатско претставништво во јеменската престолнина Санаа, како превентивна мерка, како што е соопштено од Лондон. Експертите претпоставуваат дека зголемената терористичка опасност може да е поврзана со крајот на муслиманскиот месец на постот, Рамазан. Освен тоа, наближува и датумот 11. септември, кога во 2001 година во терористичките напади во Њујорк и Вашингтон загинаа околу 3 илјади луѓе. Пред една година во напад врз американскиот конзулат во Бенгази во Либија беа убиени четворица американски дипломати.