1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД сакаат да се „ослободат“ од затворениците од Гвантанамо

ЕМФ/дв22 септември 2012

Американската влада објави листа на затвореници од Гвантанамо кои би можело да го напуштат затворот. Образложението на Вашингтон гласи: условите се променија!

https://p.dw.com/p/16CfK
Фотографија: AP

Американското министерство за правда објави имиња на 55-мина затвореници кои би требало да бидат префрлени во други држави. Најавата доаѓа изненадувачки, со оглед на тоа што министерството во 2009 година донесе одлука да не наведува детали за затворениците кои го напуштаат американскиот затвор во Куба. Тоа тогаш беше образложено со фактот дека таков чекор би можело да ги загрози дипломатските односи со земјите кои ги примаат затворениците.

Објавувањето на листата беше поздравено од страна на организациите за помош на заворениците во Гвантанамо како придонес кон „транспарентност“. Организацијата Амнести Интернешнл побара 55-темина затвореници „веднаш да бидат префрлени во земји кои ги признаваат нивните права“. За сите затвореници нема држави кои би изразиле подготвеност да ги примат.

Повеќе од 160 затвореници

По терористичките напади од 11. септември 2001 година американската влада на Џорџ Буш го создаде затворот за осомничените терористи на Ал Каеда и талибански борци. Според наводи на организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч, оттогаш во затворот на Гвантанамо биле затворени околу 770 лица. Затворот се најде во фокусот на вниманието на светската јавност и беше предмет на критики пред се‘ поради измачувањето и злоставувањето на затворениците. Во моментов, во затворот во американската воена база во Куба се наоѓаат 167 затвореници. Една половина од нив се од Јемен, а има и лица од Авганистан, Алжир и Саудиска Арабија.