САД повторно со подршка до Јадранската група
20 февруари 2008Реклама
Македонија во целост ги исполнува обврските во однос на одбрамбените реформи, но останува прашањето дали тоа ќе биде доволно за добивање покана за чланство во НАТО. Министрите за одбрана од Јадранската група имаа кус получасовен состанок со американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс.
По состанокот министерот за одбрана Лазар Еленовски соопшти дека Македонија добила поддршка од САД за добивање покана за членство, а биле пофалени реформите во одбрамбениот сектор. Сепак министерот уште еднаш повтори дека проблемот со името со Грција, иако не е дел од критериумите останува дека од агендата во пресрет на самитот во Букурешт.
До самитот на НАТО во Букурешт остануваат уште неполни два месеца. САД во неколку наврати потенцираа дека сакаат да ги видат сите три земји од Јадранската гурпа како дел од Алијансата.