1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-повик за воздржаност до Турција и Ирак

25 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwN2

САД ги повикаа Турција и Ирак на воздржаност по воздушните напади на Турција врз позициите на курдските бунтовници во северен Ирак.Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека акцијата на Турција на територијата на Ирак не помага за решение на судирот со Курдите.Таа може да донесе само нестабилност,смета Рајс.И американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс интервенцијата на Турција во Ирак ја оцени како бесмислена без поседување сигурни информации за точните позиции на курдските бунтовници.

Турската воена авијација и копнените трупи вчера презедоа воена акција и бомбардираа повеќе пунктови на Курдите во северен Ирак.