САД побараа испорачување на основачот на „Мегааплоад“
5 март 2012САД обвинуваат дека интернет платформата „Мегааплоад“ ги прекршила законите за заштита на ителектуална сопственост и бара испорачување на основачот на фирмата поради сомневање за организиран криминал. На Дотком во САД му се заканува затворска казна до 20 години. Покрај Дотком, САД бараат да бидат испорачани и други двајца Германци - Фин Батато и Матијас Ортман, како и Холанѓанецот Брам ван дер Колк.
Дотком и неговите колеги во Оукленд се во домашен притвор. Сослушување околу барањето на САД за испорачување е предвидено за во август годинава.
САД сметаат дека онлајн платформата овозможила нелегални симнувања на содржини и со тоа на сопствениците на правата на филмови или музика им нанесла штета од најмалку 500 милиони долари.
САД исто така подигнаа обвиненија и против три лица во Европа. Едниот од нив холандската полиција го уапси во јануари годинава.
Автор: АТ/ АМ/ дапд
Редактор: Е.М.Фиданоска