САД: „Падна“ законот против хомо-браковите
26 јуни 2013Врховниот суд одлуката за укинување на Законот за заштита на бракот ја донесе со пет гласа „за“ и четири „против“. Укинувањето на Законот, со кој правата од социјалното и пензиското осигурување важеа само за хетеросексуалните бракови, се оценува како значајна победа на активистите за правата на хомосексуалците.
Во сојузната држава Калифорнија можат и натаму да се склучуваат истополови бракови. Судот денеска не се произнесе по барањето за оценување на уставноста на Законот на американската сојузна држава Калифорнија со кој се забрануваат истополовите бракови, со што останува одлуката од првата инстанца, кога беше поништено решението за забрана донесено на референдум. Двете одлуки на Врховниот суд на САД се сметаат за успех на активистите за човекови права.