САД остро го критикуваат говорот на Асад
11 јануари 2012Напорите на сирискиот претседател Башар ал Асад да ја оправда примената на сила против демонстрантите во својата земја одново покажуваат дека Асад не е вистинскиот за да ја води Сирија во демократија, изјави портпаролот на американското министерство за надворешни работи Викторија Нуланд.
Претходно сирискиот претседател во првиот говор по седум месеци повторно се претстави како жртва на заговор. За нередите во земјата Асад повторно ги обвини „терористите“ кои се наводно дел од „странски заговор“. Асад најави одржување референдум во март за уставни промени, но без да изнесе детали. Според ОН, ситуацијата во Сирија не се подобрува ниту по пристигнувањето на набљудувачката мисија на Арапската лига, просечно дневно гинат по 40 луѓе.
Автор: ЖА/СН/дв/ дпа
Редактор: Борис Георгиевски