1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД – ОН – Косово

31 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntN

САД денеска ќе им поделат на амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН нов предлог резолуција за Косово. Дипломат на Светската организација посочи дека не станува збор за гласање, туку само за запознавање на амбасадорите во Советот со внесените измени. За денеска во Њујорк е закажана нова консултативна седница на Советот со цел да се надминат различните ставови меѓу Западните земји и Русија околу прашањето на статусот.