1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Русија им продавале оружје на диктаторите

19 октомври 2011

„Амнести интернешнл“ оценува дека бројни држави им продавале оружје на режимите, во чии земји се случи „арапската пролет“. Влади кои денес изразуваат солидарност со демонстрантите, продавале оружје на диктаторите.

https://p.dw.com/p/12v2D
Демонстрации во ЕгипетФотографија: DW/K. El Kaoutit

САД, Русија и други европски држави доставувале големи количества оружје на репресивните влади на Блискиот Исток и во Севрена Африка пред да почнат бунтовите, што може да се смета за сериозно нарушување на човековите права, се наведува во денешниот извештај на Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“.

Во документот на АИ се наведува дека владите кои денес изразуваат солидарност со демонстрантите до неодамна им доставувале оружје на Тунис и на Египет.

Извештајот под наслов „Доставувањето на оружје на Блискиот Исток и Северна Африка: поуки за ефикасен договор за трговија со оружје“ се однесува за извозот на оруже во Бахреин, во Египет, во Либија, во Сирија и во Јемен во 2005 година.

Автор: БГ/ГЧ/миа

Редактор: Жана Ацеска