1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и ОН повикаа на воздржаност

Борис Георгиевски 18 февруари 2008

По прогласувањето независност во парламентот во Приштина, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика страните да се одбнесуваат според преземните обврски.

https://p.dw.com/p/D94F
Советот за безбедностФотографија: AP
Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека неговата земја ќе продолжи да соработува со сојузниците, со цел да не се дозволи никакво насилство по независноста на Косово. Буш неодговори директно на прашањето дали ја поддржува независноста на Косово, но рече дека иднината на провинцијата е од големо значење за регионланата стабилност. „Нашата позиција е дека статусот мора да биде решен за Балканот да биде стабилен.“изјави Буш. Тој ја поздрави одлуката на властите во Приштина кои се заложија за заштита на правата на малцинствата во Косово „Охрабрени сме од фактот што косовската влада јасно ја изрази својата желба и намера да ги поддржи правата на Србите на Косово. Исто така веруваме дека од интерес на Србија е да биде дел од Европа, а српскиот народ може да биде сигурен дека има свој пријател во Америка.“ порача Буш. Спротивставени ставови Претседателот Буш и Стејт Департментот ги повикаа сите страни да се воздржат од провокативни акти, а истото го стори и Генерланиот секретар на ОН, Бан Ки Мун. „Ги повикувам сите страни да се однесуваат според преземените обврски и да се воздржат од какви било акти или изјави кои може да го загрозат мирот или да предизвикаат насилство на Косово или во регион,“ порача Бан Ки Мун од Њујорк.
Belgiens UNO Botschafter Johan Verbeke, Kosovo Unabhängigkeit
Белгискиот амбасдор во ОН, ФербекФотографија: AP
Во Советот за безбедност дојде до нов судир меѓу Русија од една страна и САД и нивните сојузиници од друга. Москва не успеа во обидот да го поништи актот на независност на Приштина откако Белгија, Франција, Италија, Британија, Хрватска, Германија и САД го блокраа таквиот предлог. Белгискиот амбасадор Јохан Фербек, од иметот на групата земји изјави дека поради неможноста да се постигне компрмис, безбендоста и стабилноста на Косово, во индина ќе ја гарантираат НАТО и ЕУ.

Русија изрази загриженост

Рускиот амбасдор Витали Чуркин изрази загриженост за судбината на малцинствава на Косово но и се закани дека неговата земја нема да толерира насилства врз нив „Ние сме загрижени за безбедноста на Србите и на другите етнички малцинства на Косово. Сериозно предупредуваме против перземање какви било репресивни мерки, доколку Србите на Косово одлучат да не се согласат со оваа унилатерално прогласена независност.“ рече Чуркин Наспроти тврдењата на Русија дека прокламиранта независност е во спротивност со резолуцијата 1244, амеирканскиот заменик амбасадор Алехандре Вулф го тврдеше спротивното „Нашето мислење е дека оваа декларација е логична, конзистентна и целосно во линија со резолуцијата 1244 која не ислкучува ваков акт“ рече Вулф. За денеска е закажана отворена седница на Советот за безбедност на која се очекува да говори и српскиот претседател Борис Тадиќ