САД и Македонија го продлабочуваат сојузништвото
7 мај 2008Декларација за стратешко партнерство и соработка - така се вика документот кој треба да го продлабочи сојузништвото меѓу САД и Македонија. Двете земји со овој договор обезбедуваат база за конкретни проекти во три области: безбедноста, економија и образование. Документот денеска во Вашингтон треба да го попишат министрите за надворешни работи на двете земји, Кондолиза Рајс и Антонио Милошоски.
Милошоски смета дека декларацијата не треба да се толкува како утешна награда за Македонија, која иако ги исполни сите критериуми, не доби покана за НАТО.
Македонскиот министер за надворешни работи освен со Кондолиза Рајс ќе се сретне и со неколкумина конгресмени и претставници на Белата куќа. Ќе се обиде да добие уште една потврда дека иако домот на најмоќниот човек на светот за неколку месеци ќе го смени главниот жител, политиката кон Македонија ќе остане иста: силна поддршка во нејзините напори за надминување на единствената пречка што ја оневозможува да стане членка на НАТО.