САД и ЕУ ќе усогласат заедничка политика за Балканот
11 февруари 2005Усогласувањето на заедничката политика кон Балканот беше една од темите на средбата на американската шефица на дипломатијата Кондолиза Рајс со Европската тројка. Дипломатски извори во Брсиел посочија дека двете страни јасно ги зацртале правците на политиката кон Западниот Балкан. Била договорена и единствена политика за Косово, со цел да се да се влијае на што поскора обнова на дијалогот меѓу косовските Албанци и Србите од Белград и Приштина.
,, Разговаравме многу опширно за Балканот и потребата да продолжиме со промовирањето мир, стабилност и демократија на тие територии. Треба да се разговара со сите страни во регионот со цел Балканот да се вклучи во европската матица,, рече Рајс по средбата со шефот на луксембуршката дипломатија Жан Аселборн, високиот европретставник Хавиер Солана и еврокомесарката за надворешна политика Бенита Фереро Валднер.
,, Знаеме дека пред нас се важни оценки што следуваат напролет, посочи американската шефица на дипломатијата, а Аселборн ја дополни дека соработката меѓу Европа и САД ќе биде од клучна важност за Косово.
Покраината чиј статус чека на решавање беше една од главните теми и на состанокот на НАТО министрите за одбрана што заврши вчера во Ница.
Според генералниот секретар Јаап де Хоп Шефер, министрите на Алијансата закличиле дека НАТО и КФОР треба да дадат свој удел во проширување на политичкиот процес на покраината. Шефот на Алијансата посочи дека учесниците на самитот заедно со рускиот министер Сергеј Иванов, ја претресле безбедносната ситуација на Балканот, со оглед на тоа што Русија како членка на Контакт Групата, игра важна улога во следењето на раѕвојот на ситуацијата на Косово.
Заклучокот на министрите на НАТО беше дека идните операции во покраината мораат однапред да бидат добро подготвени, затоа што, објасни Шефер, тоа не се акции само на една или две години, туку операции на долг рок.