САД и ЕУ ја критикуваат Русија
26 ноември 2007Реклама
САД и Советот на Европа изразија загриженост поради апсењето на политичари на опозоцијата во Русија. Министерството за надворешни работи во Вашингтон ја критикуваше , како што ја нарече, агресивната тактика на руските власти. Генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис ја повика Русија , да ја почитува Европската концвенција за човековите права. Таа ги гарантира правата на слободно собирање и изразување на мислењето- истакна Дејвис. Руската полиција вчера растури еден протестен собир на опозицијата . Исто како во саботата во Моксва и вчера во Санкт Петерсбург повторно беа уапсени бројни противници на властите во Кремљ. Наредната недела во Русија ќе се одржат парламентарни избори.