1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Германија за “заедничко решение" за Косово

27 јуни 2007

Германија и САД се залагаат за заедничко решение на проблемот со конечниот статус на Косово – изјави германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг при дводневната посета на САД.

https://p.dw.com/p/B3lW
Германскиот и американскиот министер за одбрана Јунг и Гејтс на скалите на ПентагонФотографија: AP

На средбите со американскиот ресорен колега Роберт Гејтс и советникот за безбедносни прашања Стивен Хедли, Јунг разговараше и за ситуацијата во Авганистан, како и за спорот околу американскиот анти-ракетен штит во Европа.

Се надевам дека ќе најдеме решение за статусот на Косово во рамките на ОН, порача германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во Вашингтон. Тој и американскиот колега Роберт Гејтс постигнале согласност дека:

“Ќе ги вложиме сите напори за изнаоѓање заедничко решение, бидејќи унилатерално решение нема да води кон успех. Мораме да останеме заедно, Европа и САД, токму по ова прашање“ - нагласи Јунг.

Што се однесува до спорниот ракетен штит на Американците, Јунг порача:

“Благодарен сум што американските пријатели отпочнаа дијалог за ова прашање и што ја вклучуваат Русија во плановите.“

Продолжување на дијалогот со Русија Јунг очекува и од претстојниот самит Буш-Путин на викендот:

“Стекнав впечаток - и околу тоа постои јасно единство во ставовите – дека имаме заеднички безбедносни интереси со Русија. На пример по прашањето на Иран, таму можеме да напредуваме само ако ги вклучиме Русија и Кина. Истото важи и за Северна Кореја“ - нагласи германскиот министер за одбрана по дводневната посета на САД.