САД – Ирак – повлекување
26 април 2007Реклама
Американскиот конгрес го донесе законот за воен буџет во кој е содржам термин за повлекување на американските сили од Ирак. Со буџетот се планирани 124 милијарди долари кои ќе бидат наменети пред се‘ за мисиите во Ирак и Авганистан. Во текстот се бара повлекување на трупите кое би почнало најдоцна во октомври годинава и би било завршено до крајот на март наредната година. За законот гласаа 218 пратеници, додека против беа 208. За текстот денеска треба да се изјасни американскиот сенат. Претседателот Џорџ Буш веќе најави дека ќе стави вето.