САД- Ирак-Ал Каеда
3 мај 2007Реклама
Американската армија неможе да ги потврди информациите дека лидерите на Ал Каеда во Ирак, Абу Омар ал Багдади и Абу Ајуб ал Масри се убиени. Ирачките власти претходно јавија дека двајцата припадници на гтерористичката организација биле ликвидирани во два одвоени судира во текот на неделава. Во ракетен напад врз особено заштитената Зелена зона во Багдад, загинаа четворица Филипинци кои работеле за американската влада.