Загриженост поради Либија
4 јануари 2012Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуленд го потенцираше повикот на Вашингтон за запирање на насилствата во кои, според агенциските извештаи, загинале најмалку четири лица.
Таа повторно понуди помош од САД за обединување на овие групи во единствени оружени сили. Милиции од градот Мисрата имено, во Триполи ги нападнале поранешните бунтовници за да ослободат еден нивни заробен соборец.
На новото либиско раководство по соборувањето и убиството на властодржецот Моамер ел-Гадафи не му успеа да ги распушти бунтовничките милиции.
„Долго време ги поддржувавме плановите на централните власти во Триполи да формираат единствени безбедносни сили и понатаму им даваме поддршка на напорите на либиската влада тоа да се постигне“, изјави портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуленд.
Таа истакна дека ако има конкретни барања од либиската влада до САД и НАТО во врска со овој процес, Вашингтон е подготвен да ги поддржи.
Автор: СН/ ЕМФ/ дапд/ афп/ мф
Редактор: Александра Трајковска